Аеродром во Рим времено затворен поради три бомби од Втората светска војна

Од:

Римскиот аеродром „Чампино“, чии услуги ги користи нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“, денеска времено беше затворен за сообраќај откако беа откриени три бомби кои датираат од Втората светска војна, соопштија аеродромските власти.

„Тим за отстранување бомби беше повикан да го деактивира експлозивот“, соопшти италијанското Министерство за одбрана.

Бомбите тежеле вкупно 150 килограми со полнење од 75 килограми барут.

Аеродромот беше затворен три часа, а летовите беа одложени или пренасочени на најголемиот римски аеродром „Фиумичино“.

Би можело да ве интересира

Спасени 150 скијачи кои беа блокирани во ски-лифтови поради невреме

А1он

Во Италија уапсени припадници на неонацистичка „Дивизија Верволф“

Генерален штрајк во Италија, 500.000 луѓе на улица бараат промени во буџетот

Судир на демонстрантите и полицијата на протестот во Торино

Се урна лифт во станбена зграда, повредени две жени и три деца во Палермо

Откриена е мафијашката мрежа Камора и Коза Ностра, една трага води до Балканот