„Аерц“: Израел инсистира на повлекување на Иран од Сирија

Од:

Дипломати од Израел, од САД и од Русија на почетокот од јули имаа тајни преговори за прекин на огнот и за определување на зони на деескалација во јужниот дел од Сирија, објави денеска израелскиот весник „Арец“.

Весникот повикувајќи се на неименувани извори од израелското Министерство за надвореши работи, како и на дипломати од западните држави, наведува дека дипломатите трипати се сретнале во главниот град на Јордан, Аман и во една европски град.

„Арец“ посочува дека израелските дипломати категорично биле против Договорот за зоните за деескалација бидејќи претставниците на Москва и на Вашингтон не обрнувале внимание на растечкото влијание на Иран во регионот. Тие апелирале до Москва и Вашингтон да побараат повлекување на иранските сили, на борците на Хезболах и на шиитските борци лојални на Техеран повлекување од територијата на Сирија.

– Клучна тема на преговорите било барањето на Израел да се зачува Договорот за прекин на огнот на долгорочна основа и да се определи степенот на идното влијание на Иран во Сирија по крајот на граѓанската војна во земјата. Американците и Русите биле фокусирани на елиминирање на Исламска држава и најбрза стабилизација на состојбата. Ерусалим бил загрижен дека Сирија може да стане ракетна база и потенцијална закана за Израел и за Јордан поради Иран, наведува „Арец“.

На преговорите во Аман присуствувале и претставници на Јордан, чиј став бил идентичен со Израел поради стравот од иранската закана.

Весникот потенцира дека преговорите биле неуспешни.

Би можело да ве интересира

Израел продолжи со нападите врз Газа и покрај повиците за прекин на огнот

A1on

Поддршка за планот на Бајден за Газа: „Да ја завршиме оваа војна“

Бајден потврди дека Израел му понудил примирје на Хамас: Време е оваа војна да заврши

Словенија ја призна Палестина

Предраг Петровиќ

„Овој ужас мора да престане“ – Итна седница на Советот за безбедност на ОН по нападот на Израел на Рафа

„Репортери без граници“ повторно го тужи Израел пред Хашкиот суд