Администрацијата на Трамп подготвува нови санкции против Русија

Од:

Американските претставници подготвуваат нови економски санкции против Русија во областите на банкарството и енергетиката, со цел да се зголеми притисокот врз Москва да ги прифати напорите на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на војната во Украина, изјавија тројца неименувани американски претставници запознаени со ова прашање.

Санкциите се насочени кон рускиот државен енергетски гигант „Газпром“ и големи субјекти во секторите за природни ресурси и банкарство, изјави функционер на администрацијата на Трамп, објави Ројтерс.

Сепак, не е сосема јасно дали Трамп ќе го одобри овој пакет санкции со оглед на неговата почетна симпатија за изјавите и постапките на официјална Москва, додава агенцијата.

Сега симпатијата е заменета со фрустрација, бидејќи рускиот претседател Владимир Путин ги отфрла повиците на Трамп за прекин на огнот и мировни преговори, велат американските претставници.

„Советот за национална безбедност на САД се обидува да координира низа построги мерки против Русија, но тоа ќе мора да го одобри Трамп. Тоа е целосно негова одлука“, изјави за Ројтерс извор на Ројтерс запознаен со прашањето.

Во меѓувреме, се огласи и портпаролот на Советот за национална безбедност, Џејмс Хјуит, кој рече дека „од самиот почеток, претседателот (Трамп) беше јасен во својата посветеност на постигнување целосен и сеопфатен прекин на огнот“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Нови напади, Израел го бомбарира Техеран

ВИДЕО: Не прободеа во срце, ќе им вратиме исто – Али Лариџани веројатно новиот ирански лидер

(ВИДЕО) Поделен Иран: Прослави и солзи за убиството на ајатолахот

Катерина Ѓуровски

Убиен е шефот на иранската војска

ВИДЕО: Бројот на жртви во нападот врз училиштето во Иран се искачи на 118

Иранската револуционерна гарда најави одмаза, Трамп им се закани со пожесток удар

Катерина Ѓуровски