Абот најави одземање на австралиското државјанство на осомничените за тероризам

Од:

Австралискиот премиер Тони Абот најави денеска нови безбедносни мерки, вклучувајќи и одземање на државјанството на лицата поврзани со тероризам.

Канебара го зголеми нивото на закана од тероризам во септември минатата година и оттогаш изврши серија рации поради алармот, кој го предизвика заминувањето на 110 Австралијци во Ирак и Сирија за да се борат на страната на Исламска држава, од кои повеќе од 30 се вратија во татковината. Поради ова дојде до двојно зголемување на бројот на истрагите за тероризам за само една година.

– Според сите мерки, заканите за Австралија се зголемуваат. Бројот на странските борци се зголеми. Бројот на познатите симпатизери и приврзаници на екстремизмот се зголеми. Бројот на потенцијалните терористи кај нас се зголемува, изјави Абот и додаде дека мора да се стори нешто.

Канбера од август издвои 630 милиони австралиски долари за мерките против тероризмот.

Би можело да ве интересира

Момчето кое уби епископ е обвинето за тероризам, oдлучија обвинителите од Сиднеј

Нападот на епископ во црква во Сиднеј е терористички чин оцени полицијата

ВИДЕО: Идентификуван напаѓачот од Сиднеј, уби шестмина и избоде деветмесечно бебе

ФОТО: Полицајката од Сиднеј го совладува напаѓачот

А1он

ВИДЕО: Напад со нож во Сиднеј, еден напаѓач убиен, другиот избегал

А1он

ВИДЕО: Избезумени коали се држат за дрвја за време на сеча