Јорданскиот крал Абдулах, на конференцијата во Аман, предупреди дека етничкото и верско насилство би можеле да доведат до уништување на муслиманскиот свет.
-Оваа конференција се однесува на нашите чести повици да се отфрли и прекине верското и етничко насилство, што би можело да биде рецепт за уништување на исламскиот свет – истакна тој, на конференцијата на која што присуствуваа 100 претставници на верски заедници и сунити и шиити од 35 држави.
„Асошиејтед прес“ укажа дека судирите во Сирија се „верски обоени“, а дека Јордан е загрижен поради можноста насилството да премине преку границата.
Тензиите помеѓу суните и шиитите предизвикаа судири и во Бахреин, Ирак и Либан.
Елена Георгиевска