Абдицираше шпанскиот крал Хуан Карлос

Од:

Шпанскиот крал Хуан Карлос одлучи да се повлече и абдицираше од кралскиот трон, соопшти денеска премиерот на Шпанија, Маријано Рахој.

Хуан Карлос има 76 години и во последно време имаше проблеми со здравјето. Тој на престолот е од 1975 година, по падот на диктатурата на Франциско Франко.

Престолот ќе го наследи неговиот 45-годипен син Фелипе.

Хуан Карлос важеше за еден од најпопуларните монарси во светот, но неговата популарнст во Шпанија драстично се намали последниве години, најмногу поради корупциската афера со неговата ќерка и нејзниот сопруг.

Аферата се провлекува неколку години и Шпанците веруваат дека аферата не смее да се забошоти само затоа што актерите се припадници на кралското семејство.

Би можело да ве интересира

Се повеќе антитуристички протести во Шпанија

Шпанија до јули ќе ја признае Палестина

Шпанската полиција упадна во Шпанскиот фудбалски сојуз, уапси најмалку шест лица

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Петгодишно момче, неговиот татко и баба загинаа во пожар во Шпанија

ВИДЕО: Mоментот кога пожарникарите спасуваат двајца луѓе од запалената зграда во Валенсија

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Четоврица мртви и 19 исчезнати во страотниот пожар во Валенсија

Катерина Ѓуровски