Абас се заканува со разидување со Хамас поради Појасот Газа

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас се закани со раскинување на договорот за обединување со Хамас, доколку ова исламистичко движење не и дозволи на Владата соодветно да управува со Појасот Газа.

Тој ова го изјави пред разговорите во Каиро со египетскиот претседател Абдел Фатахм ал-Сиси и клучното обраќање пред Арапската лига речиси две недели по прекинот на огнот со кој завршија 50-дневните судири меѓу Палестинците и Израел во Појасот Газа.

– Нема да прифатиме продолжување на постоечката ситуација со Хамас, ниту партнерство со нив, доколку во Газа продолжи оваа состојба во која со територијата управува влада во сенка. Владата за национално единство не може ништо да направи на терен, истакна синоќа Абас по пристигнувањето во Каиро.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он