Абас: Оваа ќе биде година на создавање независна палестинска држава

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас синоќа вети дека 2013 ќе биде година на создавање независна палестинска држава.

Тој ова го изјави во говор во седиштето на палестинската автономна власт во Рамала, каде запали оган, со што го означи почетокот на празнувањето по повод 48-годишнината од формирањето на неговото политичко движење Фатах.

– Имаме документ за раѓање и сакаме да го направиме последниот чекор кон целосна независност. Оваа ќе биде годината на државата и година на независноста, истакна Абас, осврнувајќи се на добиениот унапреден статус на држава набљудувач во ОН во ноември минатата година.

На 1 јануари Фатах ја празнува годишнината од своето формирање, денонот кога во 1965 година нејзиното вооружено крило „Ал Асифа“ ја презеде одговорноста за првата операција против Израел.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он