Абас најави пасоши на државата Палестина

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас најави дека најдоцна за една година ќе почнат да се издаваат палестински пасоши на кои ќе пишува држава Палестина.

Абас ова го изјави по разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас во Атина, пренесе Танјуг.

Палестинските пасоши досега ја имаа ознаката на Палестинската управа.

Претходно грчкиот Одбор за надворешни работи и одбрана едногласно ја повика грчката Влада да ја признае палестинската држава.

Како што е најавено, Абас денеска ќе зборува пред грчкиот Парламент, пренесоа американските медиуми.

Ципрас изјави дека решавањето на палестинското прашање е клучно за мирниот развој на Блискиот исток.

Палестинците се народ кој се бори за изноѓање правда, наведе Ципрас.

-За жал, живееме во време кога нашиот регион е опкружен со негативни настани, голема нестабилност, војни и се поприсутните терористички организации и терористички напади, рече Ципрас.

Затоа, кажа Ципрас, клучно е да се укаже на неопходноста од соработка и да се изнајдат реѓенија за проблемите на мирен начин, пренесе грчката агенција АНА МПА.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он