Абас му даде мандат за состав на нова влада на ректорот на универзитетот во Наблус

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас му додели вчера мандат на ректорот на унивезитетот во Наблус „Ал Наџа“, Рами Хамдала да состави нова влада.

Хамдала е доктор по применета лингвистика од британскиот универзитет Ланкастер. Тој е исто така генерален секретар на палестинската Централна изборна комисија и претседател на раководството на палестинската берза, која се наоѓа во Наблус.

Хамдала има рок од три недели за да состави нова влада.

Претходниот премиер Салам Фајад поднесе оставка на 13 април и ќе ја раководи владата до составувањето на новиот кабинет. Неговиот официјален мандат заврши завчера, што го принуди Абас да го назначи новиот премиер неколку часа претходно.

Се претпоставува дека Фајад поднел оставка поради несогасувањата со претседателот во однос на кандидатурата на министер за финансии. Освен тоа движењето Хамас побарало негово заминување како услов за помирување меѓу палетинските движења.

Се очекува новата влада да работи само три месеци. Таа ќе ги организира претседателските и парламентарните избори, кои истовремено ќе се одржат на Западниот брег и во Појасот Газа и се смета дека со нив ќе се стави крај на меѓупалестинскиот раздор.

Би можело да ве интересира

Стејт департментот потврди дека ќе стави вето на приемот на Палестина во ОН во Советот за безбедност

Горан Наумовски

Белата куќа се противи на палестинската државност

Словенија и Шпанија: Ќе ја признаеме Палестина

ВИДЕО: Израелци палат возило, војската ги чува

Предраг Петровиќ

Во Каиро преговори за примерје во Газа

А1он

Можно примерје ако Израел ги прифати условите на Хамас

А1он