Абас: Израел е одговорен за смртта на новинарката Абу Алкех

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас денеска изјави дека израелските власти се „апсолутно одговорни“ за убиството на искусната новинарка на Ал Џезира, Ширин Абу Алкех за време на конфликтот на окупираниот Западен Брег и повика на независна меѓународна истрага.

Абу Алках доби прострелни рани во главата во средата во градот Џенин.

Ал Џезира и Катар, каде што е стационирана медиумската куќа, ги обвинија израелските сили за убиство.

Официјален Израел, кој изрази жалење за смртта на Абу Алкех, вели дека ќе го истражи убиството и дека е можно смртоносниот истрел да го испукал палестински убиец.

Израел предлага заедничка истрага со Палестинците и бара од нив да им го покажат фаталниот куршум поради испитување.

„Ние отфрламе заедничка истрага со окупаторските израелски власти, бидејќи тие го извршија злосторството и не им веруваме“, рече Абас за време на комеморацијата во чест на Абу Алкех, која беше американска новинарка со палестинско потекло.

Тој додаде дека палестинската управа „веднаш ќе излезе пред Меѓународниот кривичен суд во обид да ги најде злосторниците“.
Абу Алкех носела син елек на кој јасно пишувало „новинар“ додека известувала од Џенин, објави Ал Џезира.

Таа ја покривала најновата операција на апсење што ја започна израелската армија по смртоносните арапски напади во Израел.

Ранет е палестинскиот новинар Али Самуди кој бил на местото на настанот. Смртта на новинарката предизвика меѓународна осуда, но и осуда на арапскиот свет, а Белата куќа повика на „сеопфатна истрага“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“