Абас и Мешаал побараа од ОН план за прекин на окупацијата

Од:

Палестинскиот претседател Махмуд Абас и лидерот на Хамас, Халед Мешаал ги повикаа Обединетите нации, кои подготвуваат нацрт-резолуција за Појасот Газа, да посочат план за прекин на израелската окупација на палестинските територии. 

Повикот беше упатен за време на вчерашната средба во Доха меѓу двајцата палестински лидери со посредство на емирот на Катар, шеикот Тамим Бен Хамад ал Тани.

Учесниците на средбата ја осудија израелската агресија врз Појасот Газа и ја потенцираа неопходноста од дејствување на сите нивоа за прекин на агресијата, укинување на блокадата на Појасот Газа и исполнување на сите барања на палестинскиот народ.

Учесниците биле едногласни во ставот за преземање дејствија за усвојување на резолуција на ОН, со која ќе биде определен план за прекин на окупацијата и создавање независна палестинска држава во границите од 1967 година, со главен град Источен Ерусалим.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Хамас објави видео со живи заложници

(ВИДЕО) Хамас објави снимка од киднапиран израелски заложник

Хамас повика на ескалација на сите фронтови

Горан Наумовски

Ердоган се сретна со лидерот на Хамас и ги повика Палестинците на единство против Израел