90% стопен мразот на Гренланд

Од:

Сателитите забележаа несекојдневен феномен на површинско топење на мразот на Гренланд и тоа само во четири дена.

„Масивните мразови на Гренланд последниов месец се топат на невообичаено голема површина”, соопшти НАСА.

Научниците велат дека „непроценливото“ топење се случило на голема површина, а е забележано со сателитско набљудување што трае три децении.

Топење на мразот забележано е дури и на највисоката точка на Гренланд, каде воедно е и најстудено, на станицата Самит.

За само четири дена од 8 јули, стопената површина која се протегала на 40 отсто од Гренланд на 97 отсто.

Сепак, научниците велат дека половината од површината на Гренланд се топи за време на летните месеци, но ова речиси потполно топење ги изненади и нив, а феноменот го опишаа како „необично”.

До сега, најголемо површинско топење на мразот на Гренланд забележано од сателит е на околу 55 отсто од површината.

Мразот на највисоката точка станицата Самит се стопил само во 1889 година, покажуваат тогашните белешки.

Овие вести стигнаа неколку дена по отцепувањето на огромната санта мраз, два пати колку Менхетен, од Гренланд.

„Овој настан, комбиниран со други природни но невообичаени феномени, како отцепувањето на голем дел од глечерот Петерман, се делови од некоја комплексна приказна”, вели Том Вагнер од НАСА.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Сонда на НАСА со примерок од астероидот кој има најголеми шанси да удри во Земјата, успешно слета

А1он

(ВИДЕО) НАСА објави голем извештај за НЛО: „Ова е една од најголемите мистерии“

Најмоќниот телескоп на НАСА можеби открил знаци на живот на далечна планета

Катерина Ѓуровски

НАСА објави фотографии од површината на Месечината пред и по падот на руското вселенско летало

НАСА испрати погрешна команда и изгуби контакт со вселенско летало оддалечено 19 милијарди километри

НАСА: Јули 2023 година ќе биде најтоплиот месец досега