Судот во Гватемала на 80 години затвор го осуди поранешниот диктатор Ефраин Риос Монта поради геноцид и злосторстава.
Тричлената комисија синоќа го обвини 86-годишниот Риос Монт поради давање наредби за масакар на 1.771 припадници на Маите во текот на владеењето во 1982 и 1983 година, пренесе „Би би си“.
Преживеаните ги опишале стравотните злосторстава на војската над староседелците, за кои постоело сомнеж дека помагале на левичарските бунтовници.
Пензионираниот генерал Риос Монт ги негираше обвиненијата и истакна дека не знаел за маскрот, ниту пак дал наредба додека бил на власт.
Елена Георгиевска