На денешен ден 1945-та година и формално е довршен процесот на формирањето на Обединетите Нации, по што Повелбата на ОН ја ратификувале сите пет членки на Советот за безбедност и поголемиот дел на земјите осовачи.
Меѓу тие земји била и тогашната Југославија.
Идејата за воспоставување светска организација која требало да го промовира мирот и соработката меѓу земјите во светот, општиот друштвен напредок и човековите права, е родена по Втората Светска војна.
Освен посветеноста на изградба на мир во светот, Обединетите Нации се соочуваат и со глобалните предизвици како климатските промени, сиромаштијата и глобалната економска криза.
ОН е основана во 1945-та година на Конференција во Сан Франциско, која траела од 25-ти април до 26-ти јуни.
Првото Генерално собрание на ОН е одржано на 10-ти јануари 1946-та година во Вестминистерската палата во Лондон, а првиот состанок на Советот за безбедноста исто така е одржан во Лондон на 17-ти јануари 1946-та година.
Првата резолуција на Генералното собрание се однесувала на мирната употреба на атомската енергија и отстранување на атомското и сличното друго вооружување за масовно уништување.
Денеска светската организација брои 193 членки, а актуелен претседател со Генералното собрание на ОН е Вук Јеремиќ.