50 илјади руски војници се на украинската граница кај Суми

Од:

Русија собрала околу 50.000 војници во близина на украинскиот регион Суми, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Според него, најсилните руски сили моментално се наоѓаат на Курскиот фронт во западна Русија, со цел да ги потиснат украинските сили и да го отворат патот за нови напади врз северна Украина.

„Москва се обидува да создаде безбедносна зона длабока околу десет километри“, рече Зеленски, додавајќи дека Киев веќе презел чекори за да спречи нова голема офанзива.

„Нивните најголеми и најсилни сили во моментов се на фронтот Курск. Нивната цел е да ги истуркаат нашите сили од областа Курск и да подготват офанзивни акции кон регионот Суми“, им рече Зеленски на новинарите пред денешната посета на Берлин.

Регионот Суми се граничи со рускиот регион Курск, каде што украинските сили накратко зазедоа мал дел од територијата порано, но беа речиси целосно истерани минатиот месец.

Русија неодамна зазеде најмалку четири погранични села во тој регион и се обидува понатаму да се пробие, а според информациите од теренот војниците се подготвуваат за летна офанзива.

Русија се уште не го коментираше сето ова, но утрово рускиот министер за одбрана Андреј Белоусов даде кратка изјава за војната со Украина на состанокот на Советот на министри за одбрана во Бишкек.

„Руските вооружени сили ја продолжуваат својата специјална воена операција во Украина. Тие спроведуваат успешни офанзивни акции на речиси сите делови на фронтот“. изјави рускиот министер.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русија повторно го нападна Киев со балистички ракети, погодена и термоелектрана на Крим

Военоспособните Украинци веќе нема да можат да влегуваат во ЕУ како бегалци

ВИДЕО: Со Фламинго, Украинците погодија клучна фабрика во Волгоград

ВИДЕО: Прогласена вонредна состојба на Крим

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Еден од најмасовните украински напади, Русија тврди дека соборила 660 дронови

Ситуацијата на границата со Русија е нестабилна, очекуваме ескалација, предупредува полскиот премиер

Катерина Ѓуровски