Најмалку 33 луѓе вчера загинаа, а 10 се повредени откако автобус падна во 200 метри длабока провалија во северниот дел на Перу.
Несреќата се случила на 570 километри северно од главиот град на Перу, Лима.
Се уште не е соопштена причината за несреќата, но се претпоставува дека автобусот бил во лоша состојба и оти е можна грешка на возачот.
Сообраќајните несреќи се чести во Перу поради лошите патишта, старите возила и пребрзото возење.