300 милиони патници поминаа низ Евротунелот

Од:

Евротунелот денеска го прослави поминувањето на 300 милионитиот патник под во него, откако во 1994 година беше пуштен во сообраќај, под Ла Манш.

Повеќето патници, возачи на приватни автомобили, патници во автобуси, возачи на камиони – се корисници на таканаречената „шатл” услуга, односно превоз на возилата со воз преку посебна железничка линија интегрирана во тунелот под Ла Манш кој само за 35 минути ги спојува двата брега.

Останатите се корисници на „Евростар”, брз патнички воз што ги поврзува Париз и Брисел со Лондон.

„Во просек, од пуштањето во сообраќај во 1994 година, речиси 50.000 лица поминуваат секојдневно”, соопшти операторот на тунелот.

На почетокот на август оваа година забележан е рекорден сообраќај по 1999 година, благодарејќи на посетителите на Олимписките игри.

Би можело да ве интересира

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо

Откриен е мистериозен тунел во близина на париски затвор

Макрон ќе испрати 1.500 војници во Украина до крајот на април

Горан Наумовски

Почина девојче во Франција кое беше силувано и истепано