30 повредени откако автобус од Косово удри во камион на автопат во Германија

Од:

Триесет лица се повредени денес во сообраќајна несреќа што се случи на автопатот во близина на Иршенберг во Баварија, кога автобус од Косово со 50 патници удрил во камион натоварен со зеленчук, објавија германските медиуми.

Според полицискиот извештај, возачот на автобусот од Словенија (49) не го забележал камионот пред него, кој го управувал 46-годишен полски државјанин, објавува „Билд“.

Камионот изгубил дел од товарот во судирот, што довело до затворање на патот.

Во моментот на несреќата, во автобусот имало 41 патник, од кои 30 биле повредени.

Шест лица се здобиле со тешки повреди и се однесени во болница, додека другите се здобиле со полесни повреди и им е укажана помош во противпожарната станица во Иршенберг. На местото на настанот е испратен и спасувачки хеликоптер, а автопатот А8 кон Минхен бил затворен додека се расчистувал патот.

Вкупната материјална штета е проценета на околу 150.000 евра.

Истрагата за причината за несреќата е во тек.

Би можело да ве интересира

Мерц: Долготрајната војна не е во интерес на Германија

Османи го распушти Собранието, Косово оди на избори

Горан Наумовски

Британија, Франција и Германија: Може да преземеме неопходни одбранбени мерки против Иран

Нова главоболка за Мерц: Зелените бараат итна истрага за „германска поврзаност“ во аферата Епштајн

(ВИДЕО) Преполн автобус излета од планински автопат, десетици се мртви и повредени, меѓу кои и британски и кинески државјани

Горан Наумовски

Кина ги престигна САД