3.700 Швеѓани погрешно дијагностицирани со Ковид-19

Од:

Околу 3.700 лица во Шведска добиле неточен резултат дека се позитивни на коронавирусот, поради грешка во опрема за тестирање која пристигнала од Кина, објави денеска Агенцијата за јавно здравје во земјата.

Според здравствените власти, опремата на компанијата БГИ Геномикс (BGI Genomics) не може да ја воочи разликата меѓу многу ниско ниво на заразеност со коронавирусот и негативниот резултат.

– Снабдувачот мора да ги прилагоди перформансите кои се потребни за користење на овој тест, рече Карин Тегмарк Висел, шефица на Одделот за микробиологија на агенцијата.

Таа додаде дека истата опрема за тестирање била извезена и во други земји, но не изнесуваше други детали.

Шведска соопшти дека погрешните резултати имале мал ефект врз статистиката за бројот на заразени со коронавирусот во земјата.

Агенцијата денеска соопшти дека, од почетокот на пандемијата, во Шведска се потврдени 86.891 случаи на коронавирус, додека 5.814 лица починале.

Би можело да ве интересира

Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Наставник ги казни учениците, им залепи лента на устите

А1он

(ВИДЕО) Шведска на Евровизија ја претставуваат Финците кои пеат за сауни

Повеќето од жртвите на масакрот во Шведска се имигранти, сè сугерира дека нападот не е случајност

Државјанка на БиХ e убиена во масовно пукање во Шведска, нејзин сонародник е тешко ранет

Горан Наумовски

Убиецот од Шведска кој направи масакр: Со години носеше качулка и ги држеше рацете преку устата

А1он