Уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болница во Шведска

Од:

Шведската Амбасада на својата Фејсбук страница објави дека во раните утрински часови уште двајца повредени во пожарот во Кочани се транспортирани во болницата Каролинска во Шведска.

– Во 3.30 часот, летот за медицинска евакуација од тим од Универзитетската болница Каролинска полета од Скопје, носејќи уште двајца пациенти во Стокхолм на медицински третман. Шведска се солидаризира со Северна Македонија по трагичниот пожар викендов. Нашите мисли остануваат со сите погодени, стои во објавата на Амбасадата на Шведска.

Во Шведска во моментов се наоѓаат четворица повредени во пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица, а 176 се повредени.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија објави телефонски броеви за контакт 24/7 во државите каде што има повредени македонски државјани. За Шведска дежурниот телефонски број е +46 701844605 и +46 768792019.

Би можело да ве интересира

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг

Вештак на одбраната: На „Пулс“ биле извршени занаетчиски работи, а не реконструкција – родителите дофрлаа, па беа отстранети од судница

А1он

Семејствата на жртвите од „Пулс“ в среда на марш: Придружете ни се, дајте ни поддршка

Катерина Ѓуровски

Избори во Шведска: Тесна трка меѓу левицата и десницата, можна историска владина улога за крајната десница

Од 2012 до 2025 немало ниту една противпожарна контрола во „Пулс“, сведочеше вештото лице