Најмалку 26 луѓе денеска загинаа, а седуммина се повредени откако автобус падна во 200 метри длабока провалија во северниот дел на Перу.
Несреќата се случила на 570 километри северно од главиот град на Перу, Лима.
– Досега пронајдовме тела на 26 патници, а седуммина се повредени, изјави претставникот на локалната полиција Асто Морено.
Сообраќајните несреќи се чести во Перу поради лошите патишта, старите возила и пребрзото возење.