2012 e најжешката година во САД од 1895 година

Од:

Изминатата 2012 година е најжешката година во САД од 1895 година досега, односно од кога се води статистика, соопшти американската Федерална управа за океанографски и атмосферски истражувања.

Според управата средната температура изминатата година во САД, со исклучок на Аљаска и Хавајските острови, изнесувала 12,94 степени Целзиусови, што е за 1,77 степен над средното ниво за 20 век и за 0,55 степени над средната температура во 1998 година, што досега беше сметана за најтоплата во САД.

Во 2012 година е регистрирана четвртата најмека зима, откако во САД се води ваква статистика, како и втората најжешка, каде просечната температура во јули изнесувала 24,94 Целзиусови степени, односно за 2 степени над просечното ниво за месецот.

Изминатата година била 15-тата најсува во САД. Од суша биле погодени 61 процент од територијата на земјата. Сушата предизвика големи штети на земјоделството во земјата, особено на Средниот Запад.

САД изминатата година биле зафатени од 11 природни катастрофи, кои на земјата и нанеле штети од над милијарда долари поединечно. Меѓу нив се неколку убиствени торнада и ураганот Сенди.

Според овој индикатор 2012 година се наоѓа на второ место, откако се водат вакви статистики. Прво место по екстремните природни непогоди е 1998 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер го погоди Лос Анџелес

(ВИДЕО) Полицијата во САД усмрти ученик пред училиште откако доби информација дека има пиштол

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Вучиќ за негодувањето на САД што нови министри се на американската црна листа: Тоа е изборот на граѓаните на Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Студентите на пропалестинските протести во Тексас се судрија со полицијата

Катерина Ѓуровски

Торнадото во Оклахома однесе најмалку два животи, четворица повредени