200 милиони дози од вакцината на Фајзер/Бионтек ќе стигнат во ЕУ во вториот квартал

Од:

Европската комисија очекува да добие околу 200 милиони дози вакцини од „Фајзер/Бионтек“ против Ковид-19 во вториот квартал, се вели во соопштението на Комисијата.

ЕУ има за цел да вакцинира најмалку 255 милиони луѓе или 70 отсто од возрасната популација до крајот на летото, но се соочи со критики за бавното распоредување на вакцините.

Покрај доцнењето на испораките од страна на некои производители на лекови и пречките за плановите за вакцинација, запирањето на имунизацијата со вакцината на „АстраЗенека“ поради потенцијални здравствени проблеми исто така влијаеше на кампањата на Унијата.

Досега, ЕУ не објави точно колку дози вакцина од „Фајзер/Бионтек“ ќе добие помеѓу април и јуни според двата доверливи договора за снабдување со производителите на лекови.

„Очекуваните испораки на „Фајзер“ во вториот квартал ќе вклучат 10 милиони дози првично предвидени за третиот и четвртиот квартал од оваа година“, соопшти Комисијата.

– Тоа се одлични вести. Тоа им овозможува на земјите-членки да маневрираат и евентуално да ги пополнат празнините во снабдувањето, рече претседателката на Комисијата, Урсула фон дер Лајен.

„Фајзер“ ја потврди изјавата на ЕУ за испораката во вториот квартал.

Вкупно, ЕУ има резервирано 600 милиони дози од двете компании со двата договора.

Портпарол на Комисијата на прес-конференција рече дека денешното соопштение нема да доведе до ревизија на вкупните предвидувања за снабдување на ЕУ за вториот квартал, иако вкупните најавени и очекувани испораки се веќе поголеми.

ЕУ очекува да добие 55 милиони дози вакцини од „Џонсон и Џонсон“ и 35 милиони од „Модерна“ во вториот квартал, според распоредот за испорака објавен од италијанската Влада и документот за прогноза за снабдување од германското Министерство за здравство.

Минатата недела, „АстраЗенека“ соопшти дека има за цел да достави 70 милиони дози на 27-члената Унија во вториот квартал, значително помалку од првичната договорна обврска од 180 милиони. Во првите три месеци од годинава, ЕУ очекува да добие околу 100 милиони дози од „Фајзер“, „АстраЗенека“ и „Модерна“.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он