20-годишен Американец е во кома по 20.000 убоди од пчели

Од:

20 годишен Американец е во кома откако бил искасан 20.000 пати од „пчели убијци“, објавило во средата неговото семејство. Остин Белами е на респиратор и е во индуцирана кома во Универзитетската болница во Синсинати, Охајо, објави локалната телевизија Фокс 19, пренесува Вечерњи лист.

Човекот во петокот наутро кроел лимон кога без да забележи исекол кошница од пчели убијци.

Овие инсекти, наречени и африкански пчели, се многу агресивни. Пчелите ги нападнале и неговата баба и вујко, кои биле во близина, па не можеле да му помогнат. Младиот човек бил искасан повеќе од 20.000 пати и проголтал околу 30 пчели. Болничарите ги извадиле пчелите од него до недела наутро, пренесува медиумот.

Лекарите веруваат дека тој целосно ќе закрепне, објави телевизијата.

Би можело да ве интересира

Исплатени субвенциите за презимени пчелини семејства и за мали стопанства

А1он

ВИДЕО: Човек се покри со илјадници пчели за да постави нов Гинисов рекорд

А1он

ВИДЕО: Пчели убиваат стршен неколкупати помоќен од себе

Ана Ололовска

Министрите за земјоделство на Македонија и на Словенија на појадок во Охрид по повод Меѓународниот ден на пчелите

Ана Ололовска

Дваесет илјади пчели „свратија“ на хот-дог во центарот на Њујорк

Наум Локоски

ФАО: Пчелите мора да бидат заштитени за иднината на нашата храна

Ана Ололовска