Министрите за земјоделство на Македонија и на Словенија на појадок во Охрид по повод Меѓународниот ден на пчелите

Од:

Со појадок организиран од Амбасадата на Република Словенија денеска во Охрид во присуство на министрите за земјоделство на Република Словенија, Александра Пивец и на Република Северна Македонија, Љупчо Николовски беше одбележан Светскиот ден на пчелата 20 Мај.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Николовски пред трпезата на која доминираше медот ја нагласи важноста на пчелите за земјоделството, како незаменлив биолошки фактор за природните процеси во природата како главни опрашувачи на растенијата и како такви активни учесници во производството на храна.

– Пчелите се чувари на синџирот на исхраната и на биодиверзитетот на нашиот вид. Од друга страна, пчелните производи како медот, матичниот млеч, поленот, изобилуваат со природни витамини неопходни за развојот на младите. Пчеларството како гранка во нашето земјоделство има долга традиција, а историските докази покажуваат дека производството на мед датира уште од антички времиња, рече меѓу другото Николовски.

Во Република Северна Македонија денес има околу 90 илјади пчелни семејства, од мои голем дел на автохтон род македонска пчела за која студиите покажуваат дека преживува значително подолго од новововедените видови во регонот и тоа без каков било третман.

– Оттаму Министерството и Владата преземаат низа мерки и политики за заштита на пчелите и развојот на таа важна гранка. Минатата година ја потпишавме Декларацијата со која се обврзуваме за сите тие цели, но и за подигнување на јавната свест за улогата на пчелите и другите опрашувачите за зголемувањето на приходите и за зачувувањето на здравата животна средина, истакна Николовски.

Неговата колешка од Словенија Александра Пивец, потсети дека минатогодишната иницијатива на Република Словенија за прогласување на 20 мај за Светски ден на пчелата имала за цел да се потсети светската јавност за важноста на здравјето на пчелите, дотолку повеќе што секоја трета лажица од храната во светски рамки е обезбедена благодарение токму на пчелите.

– Наша цел не беше само да се прогласува Денот на пчелата само како светски празник на храната, туку пред се да се алармира светската јавност за потребата од заштита на пчелите и поголема грижа за нивното здравје, рече Пивец.

Инаку, во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Светскиот ден на пчелите 20 мај ќе биде одбележан и со централен настан што ќе се одржи на улицата „Македонија“ во Скопје.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Прентовиќ: 55.000 земјоделци добиваат 30 отсто поевтина нафта

Ана Ололовска

ВИДЕО: Одобрен лов на диви свињи како превентива против „африканска чума“

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Зелена нафта е само козметичка мерка, не ги решава проблемите на земјоделците

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: СДСМ носи само стагнација на македонскиот аграр

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Трипуновски: Зелена нафта за едни ќе има, за други не

Ана Ололовска

До крајот на месецов земјоделците ќе можат да купуваат „зелена нафта“

Ана Ололовска