Исплатени субвенциите за презимени пчелини семејства и за мали стопанства

Од:

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 5,885 субјекти исплати 224 милиони денари за субвенции. Станува збор за исплата на средства за сите земјоделци кои стекнале право на добивање финансиска поддршка за презимени пчелини семејства, како и субвенции за мали земјоделски стопанства дефинирано според историски плаќања за претходните три години.

Според директорот на Агенцијата Никица Бачовски, откако по ребалансот стана оперативен Буџетот, апликациите се обработуваат забрзано.

-Освен апликациите за исплата на субвенции, забрзано се работат и картичките за зелена нафта. Економскиот оператор „Макпетрол“ веќе ги изработи картичките што значи дека многу брзо ќе почне и распределбата на картичките за „зелена нафта“ преку која земјоделците ќе може да точат субвенционирано гориво за земјоделската механизација, вели Бачовски.

Тој уште еднаш нагласува дека продолжува поддршката на земјоделството и неселективната исплата.

-Средства за земјоделците има, грижата за секторот земјоделство беше и останува во фокусот на оваа Влада. Земјоделците се наш партнер, наше е да создаваме поволни услови за раст и развој на агро – секторот а фокусот на земјоделците треба да биде производство на квалитетни домашни производи, истакнува директорот на Агенцијата.

Би можело да ве интересира

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

СДСМ: Поголеми субвенции за лозарите од 40.000 на 52.000 денари по хектар

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

Орце Костов