ВИДЕО: Пчели убиваат стршен неколкупати помоќен од себе

Од:

За љубителите на животинскиот свет, каналот „Нејшенл џиографик“ објави видео на кое се гледа како пчели намамуваат, поточно „паметно“ го насамаруваат и убиваат азиски стршен, што е 4-5 пати поголем од нив.

Имено, пчелите прво го примамуваат натрапникот во своето осило, го чекаат мигот кога тој целосно паѓа во стапицата, односно кога веќе нема излез, и тогаш сите го напаѓаат.

– Но, пчелите не го боцкаат стршенот, туку сите одеднаш ја засилуваат вибрацијата, создавајќи така топлина од 117 Фарнхајтови степени (47 Целзиусови степени)… Стршенот, всушност, на тој начин е жив спржен, вели нараторот.

Така, местото на осилото останува тајна за другите стршени.

Азискиот стршен, познат и како стршен убиец, со својот убод е смртоносен за луѓето.

Би можело да ве интересира

20-годишен Американец е во кома по 20.000 убоди од пчели

Исплатени субвенциите за презимени пчелини семејства и за мали стопанства

А1он

ВИДЕО: Човек се покри со илјадници пчели за да постави нов Гинисов рекорд

А1он

Министрите за земјоделство на Македонија и на Словенија на појадок во Охрид по повод Меѓународниот ден на пчелите

Ана Ололовска

Дваесет илјади пчели „свратија“ на хот-дог во центарот на Њујорк

Наум Локоски

ФАО: Пчелите мора да бидат заштитени за иднината на нашата храна

Ана Ололовска