Дваесет илјади пчели „свратија“ на хот-дог во центарот на Њујорк

Од:

Њујоршката полиција мораше да блокира дел од центарот на градот, откако доби дојава дека чадор за сонце над еден штанд за продажба на ход-дог е преплавен со голем рој од пчели.

Како што oбјавија американските медиуми, околу 20.000 пчели одеднаш слетале на штандот, а невообичаената гледка го привлече вниманието на бројните минувачи и туристи на Тајмс сквер.

Откако полицијата блокираше дел од околниот простор, еден полицаец облечен во специјално заштитно одело со помош на посебен уред за еден час ги залови сите пчели.

Потоа со посебен контејнер пчелите беа пренесени во нов дом на Лонг Ајленд.

Би можело да ве интересира

20-годишен Американец е во кома по 20.000 убоди од пчели

Исплатени субвенциите за презимени пчелини семејства и за мали стопанства

А1он

ВИДЕО: Човек се покри со илјадници пчели за да постави нов Гинисов рекорд

А1он

ВИДЕО: Пчели убиваат стршен неколкупати помоќен од себе

Ана Ололовска

Министрите за земјоделство на Македонија и на Словенија на појадок во Охрид по повод Меѓународниот ден на пчелите

Ана Ололовска

ФАО: Пчелите мора да бидат заштитени за иднината на нашата храна

Ана Ололовска