Судот нареди соборениот перуански претседател Педро Касатиљо да остане во притвор 18 месеци

Од:

Перуански судија Цезар Сан Мартин Кастро нареди соборениот претседател Педро Кастиљо да остане во притвор 18 месеци. Со оваа одлука тој им го исполни барањето на перуанските власти да добијат доволно време во кое ќе можат да соберат доволно докази за да ги поткрепат обвинувањата против соборениот претседател за поттикнување немири во земјата, јавија американските медиуми.

Судијата својата одлука ја објави само неколку дена откако перуанскиот Парламент му го одзеде на Кастиљо правото на судски имунитет, што го уживаат шефовите на држави.

Кастиљо и неговите адвокати одбија да учествуваат на судското рочиште со образложение дека недостигаат дури и „минимални гаранции” за негов правичен третман. Поради оваа причина, тој во судницата беше застапуван од бранител по службена должност.

Одлуката на судот доаѓа еден ден откако владата прогласи вонредна состојба во земјата.

Немири во земјата избија минатата недела, веднаш по соборувањето на Кастиљо од власта од страна на Конгресот, што тогашниот претседател се обиде да го распушти пред гласањето за негов импичмент.

Протестите на приврзаниците на Кастиљо не стивнуваат ни во последните 24 часа и тие веќе имаат негативно влијание врз туризмот и трговијата.

Оваа последна политичка криза во која западна Перу уште повеќе ја продлабочи нестабилната ситуација во земјата, откако за само шест години на чело беа сменети шест претседатели.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Перу прогласи вонредна состојба на границата со Еквадор

Поранешниот перуански претседател Алберто Фуџимори излезе од затвор

Катерина Ѓуровски

Масакр во рудник во Перу

Перу: Започна рушењето на „ѕидот на срамот“ што ги дели богатите од сиромашните

Силен земјотрес во Перу: Епицентарот на длабочина од 10 километри

Ана Ололовска

Во Перу запленети се 58 килограми кокаин спакувани во пакувања со нацистички свастики

Ана Ололовска