19 загинати при експлозија на балон со странски туристи во Египет

Од:

Вкупно 19 лица загинаа денеска при пад на балон со странски туристи во близина на египетскиот град Луксор, за време на лет над западниот брег на реката Нил, соопшти портпарол на компанијата-сопственик на леталото.

Египетската државна телевизија објави дека 21 странски државјанин биле на прошетка со балон кој се движи со помош на топол воздух. Падот го преживеале еден турист и пилотот на леталото.

Туристите биле од повеќе земји, а портпаролот изјавил дека засега нема информација за нивната националност.

Претходно, припадник на египетските безбедносни сили соопшти дека меѓу жртвите има француски и британски државјани.

Туристичкиот балон се запалил од засега непознати причини, по што следела експлозија и тој паднал од височина од 300 метри врз една плантажа со шеќерна трска западно од Луксор, на 510 километри јужно од египетскиот главни град Каиро.

Летовите со балон на изгрејсонце се многу популарни меѓу странските туристи кои го доаѓаат во Луксор во посета на храмовите и гробниците на фараони во Долината на кралевите.

Би можело да ве интересира

Египет бара формирање независна држава Палестина

Ирак испраќа танкер со гориво во Египет за да и помогне на Газа

Горан Наумовски

Предвреме родените бебиња од Газа стигнаа во Египет

Египет: Го одржуваме граничниот премин Рафах отворен, Израел ја блокира помошта

Катерина Ѓуровски

Египет и Јордан бараат итен прекин на огнот, за САД тоа само ќе го остави Хамас на власт

(ВИДЕО) Египет ја крена рампата: од Газа излегуваат странски државјани и тешко повредени

Катерина Ѓуровски