17 загинати во стампедо во Папуа

Од:

Седумнаесет лица синоќа беа убиени и приближно 40 се повредени во стампедо по боксерски натпревар во индонезиската провинција Папуа, пренесоа француските медиуми, цитирајќи ја полицијата.

-Убиени се 17 лица, од кои 12 жени. Во болница се примени 38 повредени, изјави локалниот полициски портпарол.

Стампедото се случило откако претходно дошло до судир меѓу разгневени навивачи по поразот на нивниот фаворит.

На боксерскиот натпревар во градот Набире, во северна Папуа, имало околу 1.500 лица. Гневните навивачи почнале да ги фрлаат столовите и публиката се упатила кон излезите, при што десетици биле згмечени, додаваат француските медоуми.

Би можело да ве интересира

Лава и поплави ја погодија Индонезија, најмалку 37 загинати

Горан Наумовски

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

ВИДЕО: Еруптираше вулкан во Индонезија, стотици евакуирани

Катерина Ѓуровски

Двајцата пилоти заспале за време на лет во Индонезија, во авионот имало 153 патници

ВИДЕО: Колапс во Индонезија, евакуирани 70 илјади луѓе

Катерина Ѓуровски