1500 тела на милитанти на Хамас пронајдени во Израел

Од:

Израелските одбранбени сили (ИДФ) потврдија дека од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас се убиени 900 Израелци. Покрај тоа, на израелска територија се пронајдени телата на 1.500 милитанти на Хамас, изјави портпаролот на војската.

Жестоки борби се водат меѓу голем број милитанти на Хамас и израелската војска од масовниот упад во саботата. Израелските сили ги објавија имињата на 123 војници за кои велат дека биле убиени од почетокот на војната. Потврдено е и дека војник со чин потполковник загинал во престрелка на северната граница со Либан, иако не станува збор за судир со Хезболах, соопшти израелската војска.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Хамас бара крај на војната, Израел повторно се заканува со „отворање на пеколот“

Ганц повикува на координиран напад врз иранските нуклеарни постројки

Израелските доселеници упаднаа во комплексот на џамијата Ал Акса

Илјадници Палестинци се собраа во Газа: „Згрешивме што молчевме“

Трамп го отфрли планот за напад на иранските нуклеарни постројки

Горан Наумовски

350 израелски писатели повикуваат на прекин на војната во Газа: „Делата не се направени во наше име“