12 европски земји уверени дека ќе постигнат 70% имунизација до средината на јули

Од:

Најмалку 12 земји во Европската унија изразија уверување дека ќе можат да вакцинираат 70 отсто од полнолетното население до средината на јули. Тоа го изјави еврокомесарот за внатрешен пазар, Тиери Бретон, пред ирската парламентарна комисија.

Европската комисија постави цел да се вакцинираат 70 отсто од полнолетните во ЕУ до крајот на летото, очекувајќи големо зголемување на резервите на вакцини со цел да се помогне во забрзувањето на имунизацијата.

– Уверени сме дека ќе можеме да испорачаме доволно дози, но исто така е точно дека на земјите-членки е да се организираат за да бидат подготвени за ова. Денес, можам да кажам дека имаме најмалку 12 земји-членки кои изјавија дека се целосно согласни со таа бројка од 70 отсто. Овој број се зголемува секојдневно, истакна Бретон.

Еврокомесарот не прецизираше за кои 12 земји-членки станува збор и кои држави се помалку сигурни во достигнувањето на прагот од 70 отсто.

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот

ЕУ издвојува уште една милијарда евра за Украина во рамките на заемот од Г7

Урсула фон дер Лајен: ЕУ е подготвена да се брани од американските царини со контрамерки

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел