10 милиони луѓе го посетиле Лувр

Од:

Годинава „Лувр“ го посетиле повеќе од 10 милиони посетители и во споредба со минатата година бројката е зголемена за еден милион. Деталните податоци за посетеноста на најпознатиот музеј во светот ќе бидат соопштени во почетокот на 2013 година.

Покрај одличната посетеност на постојаните поставки во музејот, и привремените изложби привлекле околу 660 илјади посетители, што значи 29 отсто повеќе од лани. Изложбата на делата на Леонардо да Винчи, на која, меѓу другото, беше изложено реставрираното дело „Света Ана“, оваа пролет ја проследија 305 илјади посетители, додека изложбата на делата од Рафаел, насловена „Последните години“, која сѐ уште трае, досега ја видоа 310 илјади посетители. „Лувр“ и виртуелно остварува голема посета. Официјалниот сајт го посетиле повеќе од 11 милиони корисници на Интернет, а страницата на Фејсбук досега има околу 800 илјади следбеници.

Би можело да ве интересира

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Двајца полицајци застрелани во Париз откако маж украл пиштолот

Горан Наумовски

Прославен Денот на победата во Париз, Макрон не одржа говор

Младо момче најавило самоубиствен напад за време на Олимписките игри во Париз

Франција ќе ја зголеми безбедноста пред синагогите и верските училишта

Едно лице загина, а најмалку едно е рането во напад со нож во Бордо