Ако природата денес ви подари топол сончев ден тогаш имате две причини да се радувате, затоа што првиот ден од јуни во многу земји се прославува и како ден на детето, односно Меѓународен ден за заштита на децата.
Еден од најстарите интернационални празници за кој е донесена одлука да се празнува од 1925 година за време на „Светската конференција за зголемување на благосостојба на децата“ во Женева.
Сеуште не е познато зошто е одлучено токму овој ден да биде Ден на детето, Според една верзија, во 1925 година генералниот конзул на Кина во Сан Франциско собрал една група од кинески сирачиња и во нивна чест направил Фестивал на чамците-змејови на 1. јуни.
Знамето на меѓународниот ден на детето е со зелена позадина на која е прикажана земјината топка што симболира раст хармонија, свежина и плодност. Околу топката има стилизирани фигури со црвена, жолта, сина, бела и црна боја кои преставуваат заенички дом за сите, разновидност и толеранција.
Интересно е дека овој празник активно е поддржан од земјите кои го избрале социјалистичкиот пат за развој.
Во времето на Социјалистичкиот сојуз на 1 јуни во училиштата започнувал летниот распуст.