Во интервју за А1он, кандидатот за градоначалник на Центар, Андреј Жерновски открива дека и за недела власта подготвува сценарио.
Според Жерновски гласачите од Пустец, во недела рано наутро ќе бидат носени на гласање.
Вели дека ним не им се лути, дека тешка мака ги натерала да го прават тоа.
„Нема да дозволиме друг да ни го избере градоначалникот. Сами ќе го избереме“, вели Жерновски.
За овој проблем се запознаени и амбасадорите на ЕУ и САД, кои самите ќе бидат во недела на гласачките места.
Посочува дека власта, како дел од сценариото, намерно прави конфузија. Иако постои законска обврска, не се објавува каде и кој ќе прегласува во недела, со што жителите се ставаат намерно во заблуда.
Ветува дека ниту педа тој како градоначалник нема да смени или да чепне без да се слушне гласот и да се добие дозволата на жителите од Центар.
Повеќе од интервјуто.