(ВИДЕО) Закани до обвинителите на СЈО: Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплакаме фамилијата

Од:

Во кривичниот суд во Скопје повторно се одложи рочиштето за предмертот на СЈО „Титанк 3“ во кој се обвинети Ејуп Алими и Исмет Гури.

Судијаката Оља Ристова, рече дека судот повторно преку ургенција до Министерството за правда ќе побара да биде обезбедена во судот да сведочи сведокот Р.Б. бидејќи живее во Германија, за што одбраната доставила извод на венчаните.

Судијката рече дека не е вложен доволен напор од државните органи. Судот го задолжи СЈО да вложи напор и да го обезбеди сведокот кој е клучен во постапката.

Обвинителката, Фатиме Фетаи, рече дека ќе ги вложат сите напори жената да дојде и да сведочи. На минатите рочишта СЈО побара поради недостапноста на сведокот да биде прочитан исказот кој таа го дала пред СЈО.

Обвинетиот, Ејуп Алими, на обвинителот Гаврил Бубевски му дофрли дека не биле доволно добри во напорите да го обезбедат сведокот, на штпо Бубевски му одговори „затоа вие сте добри кога се заканувате“. Бубевски во судницата рече дека добил закани од типот „Фатиме е наша, а на тој каурот ќе му ја расплакаме фамилијата“.

Обвинителката Фетаи на адвокатот на Алими, Мефаил Арслани, му рече „па ти ми кажа“.

Следното рочиште за предметот „Титаник 3“ е закажано 22 февруари.

Во „Титаник 3“ обвинети се пратеникот на ДУИ, Ејуп Аљими и Исмет Гури. Тие како членови на општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништиле изборен материјал.

Според обвинението, двајцата обвинети со своите дејствија влијаеле директно врз изборниот резултат и ја фалсификувале изборната волја на граѓаните на Чаир за да остварат политичка моќ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов