(ВИДЕО) Тројца загинати во авионска несреќа во Австралија

Од:

Тројца загинаа денеска во Австралија кога лесен авион се урна на аеродром во близина на Сиднеј, објави Ројтерс.

Полицијата соопшти дека авионот се урнал на аеродромот Шелхарбур, околу 85 километри јужно од Сиднеј, кратко по полетувањето.

„При ударот, авионот се запалил, а Противпожарната и спасувачка служба на Нов Јужен Велс го изгаснала пожарот“, се вели во соопштението на полицијата.

Слика од воздух од местото на несреќата на веб-страницата на Австралиската радиодифузна корпорација ги прикажува изгорените остатоци од авионот на пистата.

Полицијата соопшти дека Австралиското биро за безбедност во сообраќајот е известено за инцидентот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Авион се урна на автопат во Германија – двајца загинати

А1он

(ВИДЕО) Австралиски новинар го прекина преносот за да спаси возач од поплавa

Дете пронајдено починато во автомобил во Австралија – жена и три деца се ранети

А1он

Страшен напад од ајкула пред капачите: Мажот не преживеа

Се урна мал авион во Русија – има двајца загинати

А1он

Туристички авион се урна во Перу – загинаа 11 патници и двајца членови на екипажот

А1он