Се урна мал авион во Русија – има двајца загинати

Од:

Две лица загинаа денес при уривање на лесниот авион „Цесна 172“ во Република Татарстан, Русија, соопшти руското Министерство за вонредни ситуации.

Несреќата се случила во селото Шемордан во областа Сабина, каде што авионот падна во дворот на приватна куќа.

Според првичните информации, нема повредени лица на земјата, ниту пак се оштетени објекти.

Во авионот се наоѓаа две лица и двете загинаа.

Руските медиуми наведуваат дека жртвите се пилот-инструктор и кадет од воздухопловниот центар, односно дека авионот бил на лет за обука.

Руските власти покренаа истрага за да се утврди причината за падот на „Цесната“.

Според досегашните информации, истражителите разгледуваат две главни можности: пилотска грешка и технички дефект на авионот. Покрената е и кривична постапка поради сомневање за прекршување на правилата за безбедност во воздушниот сообраќај.

Некои руски медиуми и канали на „Телеграм“ наведуваат дека авионот можеби удри во телевизиска кула непосредно пред падот, но оваа информација сè уште не е официјално потврдена.

Руското Министерство за вонредни ситуации соопшти дека околностите и точната причина за несреќата сè уште се утврдуваат.

Би можело да ве интересира

Протест пред германската амбасада во Москва поради затворањето на Рускиот дом во Берлин

Песков: Литванија ќе биде мета доколку распореди нуклеарно оружје

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Русија повторно го нападна Киев: Погодена е деветкатница, има повредени

Медведев: „Русија може да го погоди Киев и НАТО, да остане само нуклеарна прашина“

Рубио: САД нема да дозволат непријателски бази на 145 километри од нивниот брег

Мерц: Обидот за напад со дрон во Лајпциг е подготвуван со месеци во Русија

Горан Наумовски