ВИДЕО: Судири за време на антивладините протести пред бугарскиот Парламент

Од:

Пред зградата на бугарскиот Парламент во текот на 28. ден од протестите против владата на Пламен Орешарски синоќа на неколку наврати дојде до судири меѓу демонстрантите и полицијата, при обид да ја преминат безбедносната ограда околу зградата, јавуваат денеска бугарските електронски медиуми.

Ова е прв судир со полицијата за време на антивладините протести во Бугарија. Поради инцидентот се приведени две лица. Според бугарското Министерството за внатрешни работи на Плоштадот на независноста во центарот на Софија на почетокот на собирот имало околу 3.000 луѓе.

Околу 40 демонстранти поставија шатори пред зградата на Собранието, најавувајќи дека планираат да останат до падот на Владата на премиерот Пламен Орешарски.

Демонстрантите бараат оставка на Владата и распишување нови вонредни парламентарни избори.

Протестите во Бугарија почнаа во февруари против монополот, корупцијата и сиромаштијата. Поради судири меѓу полицијата и демонстрантите владата на премиерот Бојко Борисов поднесе оставка, по што следеа предвремени парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори

Во Бугарија не е постигнат договор за нова влада

Почина бугарскиот патријарх Неофит