(ВИДЕО) Снимка од дрон: Како изгледа Скопје за време на најдолгиот полициски час

Од:

Во тек е најдолгиот полициски час досега како превентива и заштита од коронавирусот – 85 часа граѓаните ќе бидат во карантин. Снимките направени од дрон на „А1он“ покажуваат како изгледа главниот град во текот на вториот ден од карантинот.

Празни улици, по некој автомобил во движење и убаво сончево време.

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на државата за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 5 часот изутрина.

Забрането е движење и групирање во сите паркови, излетнички места, места за рекреација во националните паркови и шуми, како и викенд населбите.

Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) и за маркетите и рестораните кои вршат достава на производи, при што тие своите ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско

45-годишен маж од Скопје е пронајден мртов во неговиот дом

24-годишниот Дарко Митровиќ го фати крстот во водите на Вардар во Скопје

Горан Наумовски

48-годишен скопјанец е пронајден мртов во стан