ВИДЕО: Силно полициско обезбедување пред најавените протести

Од:

Големо полициско обезбедување вклучувајќи ги и специјалните единици се распоредени на неколку локации во главниот град пред денешните закажани протести преку социјалните мрежи, поради пресудите за петкратното убиство кај Смилковското езеро.

Полицијата на еден час пред протестите е поставена пред Музејот на холокаустот, Собранието и Владата.

Според најавите на социјалните мрежи, протестите кои не се пријавени во полицијата, се закажани во 14:00 часот, пред Јаја Паша Џамијата по завршувањето на пладневната молитва.

Во исто време кога се најавени протестите, на социјалните мрежи се организираат и контра – протести кои се планирани да се одржат пред Владата.

Протестот кој се одржа минатиот петок ескалираше, при што во нередите беа повредени неколку полицајци и уапсени 20-тина демонстранти.

Петар Клинчарски

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски