(ВИДЕО) СДСМ: Пазарот во Неготино од 17 тони железо прикажан како „урбана опрема“

Од:

СДСМ денеска соопштија дека откриваат нов скандал, поврзан со изградбата на затворениот пазар во Неготино.

„Иако помпезно го отворија Мицковски и градоначалникот Стојанов, пазарот е изграден без соодветно одобрение за градење, а се води како „поставување на урбана опрема“. Замислете, градоначалникот Стојанов, на фирмата МАСТЕФ ДООЕЛ и издал одобрение за поставување на урбана опрема. 17 тони железо, изградени на бетонска подлога од 420м2 со 90 тезги внатре се третираат како урбана опрема? Зошто е избегнато издавање на соодветно одобрение за градење во соодветна постапка. Особено од аспект на статиката и сигурноста на објектот. Како е можно два објекти изградени во толкав габарит кој лежи на 17 тони железо да се третира како „поставување на урбана опрема“? И клучното прашање дали ваквиот објект над главите на неготинчани е безбеден?“ праша денеска на прес-конференција Лолита Ристова, член на Извршен одбор на СДСМ.

Таа вели дека „зад проектот повторно стои една од омилените фирми на ВМРО-ДПМНЕ – МАСТЕФ ДООЕЛ, која редовно добива тендери во општини под нивна контрола, особено со пари од унгарскиот заем. Проценетата вредност на проектот е 25.960.000 денари, а договорот е склучен речиси за истата сума – 25.914.000. Без конкуренција, без намалување на цената, без домаќинско работење“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: Филипче е единствен актуелен политичар кој сакал да донесе мигранти

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

ВМРО-ДПМНЕ: СДС шири лажни вести за политичко поентирање

СДСМ: Нема бегање Томовски, фактите се јасни, потврдени со документи и јавно објавени

Горан Наумовски

Томовски: „Јака работа“ завршил антикорупцискиот тим на СДСМ, го објавиле мојот број кој е јавно достапен, за клеветите следува тужба

ВИДЕО: Кој му дал дозвола на Мицкоски да преговара со Велика Британија за мигранти, прашува СДСМ

Катерина Ѓуровски