(ВИДЕО) Русковска: Тие што ми вршеа притисок се истите што ми нудеа повисока позиција за да прекинам истрага

Од:

Истите личности кои ми нудеа да бидам заменик државен обвинител за да се прекине истрага за предмет се оние кои се обидуваа да ми вршат притисок додека го водев Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, вели во интервју за А1он обвинителката Вилма Русковска. Кој бил тоа, не открива, но вели, кажала на оценската мисија од ЕУ која го „тресе“ Судскиот совет, а чии членови се заинтересирале и за причините зошто таа е оддалечена од обвинителската функција.

Според неа, предметите кои пресудиле да биде суспендирана, а потоа и пред разрешување се оние кои ги отвори против функционери од актуелната власт. Очекувања на поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, според информациите кои ги добила, се дека Советот на јавни обвинители ќе ја разреши од обвинителската функција.

Обвинителката повтори и дека нема никаква поврзаност помеѓу Работната група која готвеше нов Кривичен законик и измените кои Собранието ги донесе по итна постапка и со европско знаменце.

„Злоупотребата воопшто не е во надлежност на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција бидејќи ние бевме надлежни само за Став 5. Фактички, треба и од името да се избрише Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција бидејќи веќе немаме можност да се бориме со корупцијата. Обвинителството ќе се сведе на предмети дрога, мигранти, знаеме колку годишно имаме предмети за перење пари и други приноси од казниво дело. Се одземаат ингеренциите“, вели Русковска во интервјуто на А1он.

На прашањето дали има аспирации да се кандидира за државен обвинител, бидејќи на актуелниот Љубомир Јовески мандатот му истекува во декември годинава, таа вели: „Сега за сега, како што стојат работите, не“.

Погледнете го целото интервју со поранешната шефица на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир