ВИДЕО: Пријателот на Груевски кој го посети во Унгарија не одговори на новинарските прашања

Од:

Александар Трајковски, кој беше на посета кај поранешниот премиерот Никола Груевски, во Будимпешта, утрово ги избегна новнарските екипи и не одговори на ниедно прашање.

Тој дојде 20-ина минути пред денешното рочиште за судењето за предметот „Насилство во Општина Центар“ на СЈО.

Предметот е во фаза на доказна постапка со сослушување сведоци.

Трајковски беше неколку дена во посета на експремиерот кој е во бегство и доби азил во Унгарија.

За посетата се дозна откако на социјалните мрежи се појави фотографија на Груевски како се шета низ Будимпешта, а на која може да се забележи и Александар Трајковски, еден од обвинетите за случајот „Насилството во Општина Центар“, инаку советник од ВМРО-ДПМНЕ во Општина Гази Баба.

Како што тогаш информираа извори од Царина, царинскиот службеник Александар Трајковски, кој беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од Царинската управа.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

Груевски: Македонија станува протекторат, народот прави црни листи на избори, а не други држави

Врховниот суд пресече за „Плацеви на Водно“ – за Груевски останува казната од Апелација

Османи: Груевски треба да биде во Македонија и тука да се соочи со правдата

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Џафери: Добив материјал со измените на Кривичниот законик, но не од Груевски

Орце Костов

Мицкоски: Преписката со Груевски не ме прави среќен, но нема да прифатам валкани сценарија за промена на Уставот

А1он