ВИДЕО: Нови судири на протестите во Турција

Од:

Десетина илјади демонстранти утрово повторно излегоа на улиците низ Истамбул, Анкара и Измир, при што палеа гуми и фрлаа петарди на полицијата која им возврати со солзавец.

Гувернерот на Истамбул, Хисеји Авни Мулту во порака на „Твитер“ ги поздрави демонстрантите во паркот Гези и нагласи дека би сакал да биде со нив, пишува утрово турскиот весник „Хуријет“.

-Млади луѓе слушам дека минавте мирно утро во паркот со песна и мирис на липа. Би сакал да сум со вас. Дури и доколку не можеме да се согласиме, обврзани сме да ги делиме проблемите, гледајќи си во очите хумано и со правда-напиша тој.

turci (1)

Гувернерот се најде на мета на остри критики поради интервенцијата на полицијата против мирните демонстранти.

Локалните медиуми пренесоа дека голем број лица се повредени во Анкара, каде што полицијата протера 10.000 луѓе, а нови судири избија и во населбата Гази, каде што живее работничката класа.

Учесниците на протестот синоќа играа на плоштадот Таксим, каде што се наоѓа паркот Гези, па протестот прерасна во еден вид на карневал.

turci (4)

Демонстрантите сега се насочија кон игри, во облик на мирен отпор, откако премиерот Реџеп Тајип Ердоган изјави дека се крадци.

Со запалени светилки во паркот синоќа напишаа „Таксим му припаѓа на народот“.

turci (2)

Тие направија кафуле на отворено, библиотека и медицински центар помеѓу дрвјата на плоштадот.

Протестите во паркот Гези утрово влегоа во 13-ти ден. Во нив до сега животот го загубија двајца демонстранти и еден полицаец, а неколку илјади лица се повредени.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Вооружена пресметка меѓу две групи во Турција: Три лица загинаа

Горан Наумовски

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

Турција: Едно лице е тешко повредено во експлозија во зграда

Спасени сите кои беа заробени на жичарницата во Анталија

А1он

На протестите во Турција загина маж, четири лица се повредени

Откриена причината за пожарот во ноќен клуб во Истанбул во кој загинаа 29 лица