(ВИДЕО) Лефков: Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители

Од:

„Судскиот совет и Советот на Јавни обвинители продолжуваат да преземаат чекори и да делуваат кон намалување на довербата на народот во правосудството. Советот на судии дрско изврши упад во Академијата за судии и јавни обвинители, и наместо да назначи судии за членови на УО на Академијата, истиот назначи свој член на таа позиција“ рече денеска на прес-конференција пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Според него, „на 24.10.2024 година Судскиот совет ја назначи Антоанета Димовска, која е член на Судскиот совет за член на УО на Академијата. Членот 44 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси забранува избрано или именувано лице истовремено да врши функција на член на орган на управување во јавно претпријатие, јавна установа или друго правно лице кое располага со државен капитал. Членовите на Судскиот совет и Советот на јавни обвинители се избрани и именувани лица, и не можат да вршат функција во органи на управување како што е Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители“.

„Важно е да се напомене дека Антоанета Димовска покрај тоа што е именуван функционер е и сестра на пратеничката од СДС, Снежана Калевска Ванчева. Законот е јасен. Антоанета Димовска не може да биде член на УО на Академијата за судии и јавни обвинители. Дали нејзината роднинска врска со пратеник од СДС го мотивирала Судскиот совет да ја назначи за член на УО на Академијата, иако не смеел тоа да го направи? СДС треба да кажат која е нивната вмешаност во изборот?“ праша Лефков.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лефков: СДС и Филипче решиле да тонат и да останат заложници на Груби

Лефков: Или ќе се извинат за Артан Груби или СДСМ ќе докажат дека уште го штитат

Лефков: Илире Даути нема морален кредибилитет да ја води комисијата

Катерина Ѓуровски

Лефков: Филипче и СДС сега глумат декларативно оградување од ДУИ, а треба јавно да кажат зошто дозволиле Груби да ги краде народните пари

(ВИДЕО) Лефков: Груби ја компромитира ДУИ

А1он

Лефков: СДС знаеле за криминалот на Груби од црната листа и од Лотарија, не реагирале за да не падне владата

Катерина Ѓуровски