(ВИДЕО) Арнаудов за амнестијата: Изјава давам само за 50 евра

Од:

Обвинетите за настаните во Собранието на РМ од 27 април минатата година, како и нивните адвокати пред почетокот на денешното рочиште не сакаа да кажат дали ќе поднесат барање за амнестија по донесениот закон.

Единствен кој не ги изигнорира камерите беше обвинетиот Горан Ѓошевски Леви, шеф на обезбедувањето на тогашниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски. Ѓошевски кажа дека се уште не го разгледал детално законот и нема донесено никаква одлука.

Пратеникот Љубен Арнаудов пак на новинарското прашање дали ќе поднесе барање за амнестија, рече дека изјави дава само за 50 евра.

Законот за амнестија со 95 гласа „за“, ниту еден „против“ и ниту еден „воздржан“, завчера беше изгласан во Собранието на РМ. Од кабинетот на претседателот на Собранието велат дека законот е испратен до претседателот Иванов кој треба да го потпише.

Откако законот за амнестија ќе биде потпишан од претседателот и излезе во Службен весник, со што стапува на сила, започнува рокот од 5 дена за поднесување барање за амнестија од страна на обвинетите за 27 април.

По барањата во рок од нови 5 дена ќе одлучува кривичниот совет кој го води случајот на чело со судијката Добрила Кацарска.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски