(ВИДЕО) Алаѓозовски: Министерството за култура ги потценува авторите од Македонија

Од:

„Бараме Министерството за култура да ги објави резултатите од Конкурсот за превод на македонска литература на странски јазици.

Потсетуваме дека, согласно Законот што по скратена постапка и без јавна расправа власта го изгласа во предизборието, Министерството за култура е должно да ги објави резултатите од конкурсот. Вклучително и сумите кои одредени проекти ги добиле.

Според информациите со кои располагаме дел од доделените грантови се во понижувачки мал износ, што ги навредува издавачите и преведувачите, амбасадорите на македонската култура во странство“, изјави на денешната прес конференција, Роберт Алаѓозовски, претседател на Комисијата за култура, СДСМ.

„Во контекст на мегаломанските проекти на Владата за превод на странска литература, објавувањето на дваесет дела од наши автори со симболична поддршка е потценувачки.

Годишно, повеќе наши дела на странски јазици се објавуваат со поддршка на странските фондови како оној на Европската Унија, Традуки и одделните повици на националните фондови на различните земји отколку од Министерството за култура.

Бидејќи станува збор за јавни пари, граѓаните треба да имаат увид во износите на различните грантови што ги доделува министерството.

Дополнително, на овој начин ќе се видат и двојните аршини на власта.

Со објавувањето на имињата на авторите ќе се открие дали е исполнет критериум за репрезентативни дела од македонската литература? И дали во сите случаи се постапувало согласно критериумот за избегнување конфликт на интереси?

Овој поединечен пример покажува лошо спроведена евалуација на целокупната реализација на Акцискиот план за развој на културата, 2014-2017.

Министерството за култура треба да ги соопшти надворешните експерти кои ја изработија евалуацијата, и да го објави евалуацискиот извештај. Само јавно објавена евалуација од надворешни експерти може да биде пример на добро и транспарентно работење“, рече Роберт Алаѓозовски.

 

Би можело да ве интересира

Реномирани музичари, книжевници и актери се дел од програмата на „Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Во Штип Фестивал на уметноста „Ликовна визија“

СДСМ наредната недела ќе почне со подготовки за отчетниот Конгрес, а потоа и за внатрепартиските избори

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Оставки по поразот – И Лукаревска заминува од потпретседателското место во СДСМ

Анита Петровска Рајковиќ

Деспотовски: Пропуштивме огромна шанса да го направиме првиот чекор кој почнува со одговорност од врвот

Орце Костов